Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 21 година за кривично дело „разбојништво“.

Осомничениот велешанец, на 16 август во вечерните часови, на терасата од гостилница во Велес, се доближил до оштетениот кој седел сам и гледал телевизија. Најпрво го удрил со тупаница во пределот на ребрата од десната страна, по што му ја тргнал столицата на која седел. Оштетениот паднал на земја, а осомничениот од задниот десен џеб му го извадил и одзел паричникот во кој имало 2 000 денари, банкарски картички и други документи, по што побегнал.

-Имајќи предвид дека осомниченото лице претходно е осудувано за истовидно кривично дело, безимотен е, има блиски роднини кои живеат во странство, а и доста често отсуствува од сопствениот дом, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на кривичното дело. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, наведува Jавно обвинителство на Република Македонија.​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2022 10:53