Гитара на кojaшто свири Дејв Грол во еден од првите музички спотови на рок-бендот „Фу фајтерс“ ќе биде понудена на продажба на 7 септември.

Моделот „Греч вајт фалкон“ што се појавува во спотот за песната „Monkey Wrench“ од 1997 година, првично беше во сопственост на американскиот ритам-гитарист Пет Смир (член на групата), а често се користеше за нивниот втор албум „The Color And The Shape“, објавен таа година. Се очекува гитарата да достигне цена меѓу 17.750 и 35.500 долари на аукција на „Гардинер хаулгејт“ од Вилтшир.

Гитарата се продава со Полароид-фотографија направена од Смир на којашто холивудската глумица Дру Баримор го држи инструментот.

– Ова е многу интересна гитара бидејќи е една од ретките во сопственост на „Фу фајтерс“, веројатно најголемиот рок-бенд на Земјата во мигов, која некогаш излегла на јавна аукција. Очекувам интерес од целиот свет. Фактот што се појавува толку истакнато во култното видео на бендот „Monkey Wrench“ ја прави (гитарата) исклучително привлечна за колекционерите и обожавателите, изјави аукционерот Лук Хобс.

Пет Смир, ја купил гитарата во 1996 година и ја докажа нејзината автентичност за целите на наддавањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2022 13:50