Во Скопје се санкционирани 133 возачи од кои 21 за брзо возење, соопшти МВР.
Во текот на вчерашните засилени акциски контроли, како што информира МВР, од вкупно изречените 133 мерки, 10 се за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест за минување на црвено светло, осум за недавање првенство на пешаци, четири за технички неисправни возила.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за полема безбедност во сообраќајот, апелира МВР.