Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, вчера околу 11:20 часот во Охрид, ги лишиле од слобода Б.Ф.(50) од село Пирок, Општина Боговиње и С.Ц.(49) од Скопје.

-При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот била пронајдена една кеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2022 12:46