Полициски службеници од ПО Шуто Оризари го привеле И.А. (34) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Како што соопшти МВР, И.А. бил осуден по член 215 од Кривичниот законик на казна затвор од една година и 10 месеци, а за доиздржување имал осум месеци и 29 дена.
Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа.