Полицијата во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19:00 до 00:00 часот, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, санкционираше 61 возач.

– Од нив, 38 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2022 10:52