Статистичар пресмета „прецизна математичка формула“ за предвидување околу тоа – колку време му треба на едно дете „да збесне“ во автомобилот при долго возење?

Според д-р Џејмс Хајнд од Универзитетот „Трент“ во Нотингем, Англија, формулата Т = 70 + 0,5Е + 15Ф – 10С е клучниот параметар со којшто родителите ќе ја пресметаат веројатноста детето да стане палаво на задното седиште. Истражувањето, засновано на одговори од 2.000 родители, покажа дека времето (Т) за коешто обично дете „здивува“ при долго возење 70 минути. Можноста за ова се намалува со секоја минута кога детето се забавува (Е), а храната (Ф) ќе им овозможи на родителите да го одложат дивеењето за 15 минути.

Меѓутоа, возењето со повеќе деца (С) во автомобилот го скратува времето за почеток на прекинот за 10 минути.

Прашањето „Кога ќе стигнеме таму?“ се случува, вообичаено, 32 минути по поаѓањето. И, се повторуваа барем уште четирипати при патувањето.

Истражувањата покажаа и дека досадата е главната причина за немирот кај децата, според искуството на 68 отсто од родителита. Потоа – предолгото патување (62 отсто) и гладот (57 отсто).

Стручњаците велат дека, ако имате само едно дете, веројатно ќе успеете да го забавувате и повремено „да го поткупите“ со храна, па може возењето да трае до два часа без „дивеење“.

За жал, две деца без забава и грицки можат да предизвикаат хаос за само 40 минути… Грицките се важни, но без претерување. Ограничете ги на максимум два пати на час, гласат препораките.

Паузите при возењето се, исто така, важни во спречувањето на хаосот, но и за возењето и одморот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2022 11:40