Триесет и четиригодишен жител на Прилеп Д.Д. бил лишен од слобода од полицијата ноќеска во 01.45 часот во зграда на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп.
-Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во зградата и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои им биле вратени на сопствениците, соопшти МВР. Д.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.