Денеска околу 12.30 часот на улица „Илинденска“ во Tетово, полициски службеници на СВР Тетово со судска наредба го привеле 30-годишниот тетовец Б.Ќ., осуден на две затворски казни од вкупно пет години и осум месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ казниви по член 236 од Кривичниот законик.

Тетовецот Б.Ќ. попладнево бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2022 15:16