Одделение за криминалистички работи Кисела Вода расчисти седум кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 10.06.2022 до 23.08.2022 година во фирма на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје.
-Сторителот Е.С.(27) од Скопје, како што известивме во претходното соопштение, беше лишен од слобода на 23.08.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот, соопшти МВР.
Е.С. бил спроведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.