Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции.
Како што соопштува МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за нерегистрирани возила, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…
Засилените акциски контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.