Полициски службеници од Полициската станица Центар синоќа во 23.15 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје кој бил затекнат при обид да одземе предмет од управна зграда на Дирекција на „Пошта на Македонија“.
Како што информираат од МВР, малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.