Едно непознато лице вчера одзело пари од наплатен пункт на Јавното претпријатие „Паркинзи“ во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа во 22:04 часот во СВР Скопје.

Лицето со закана и со остар предмет од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2022 03:44