На 25.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Д.(42) од Велес. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес.

При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2022 15:04