Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 21 возач.

За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2022 10:55