Романот „Хурем – московската наложница“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу излезе деновиве во издание на „Бата прес“.

Станува збор за документарен, историски и љубовен роман за сопругата на Сулејман Величествениот, која на овдешната публика ѝ е позната и по популарната телевизиска серија „Величествениот“ што се емитуваше на националните телевизии.

Авторката Демет Алтинјелеклиоглу (Demet Altınyeleklioğlu) е родена 1955 година, во Анкара каде што дипломирала на Факултетот за политички науки, а магистрирала образовни комуникации на Универзитетот Хачетепе.

Како писателка и продуцент на Турската радио телевизија (ТРТ) најмногу работела дела од жанрот историска фантастика. Нејзиниот прв роман, „Хурем – московската наложница“, беше објавен во 2009 година, а потоа напиша цела серија популарни романи за славните жени во османлиската династија.

На македонски ѝ е објавен и историскиот роман „Црната кралица Косем-султан“ (Бата прес, 2017).

Делото од турски на македонски јазик го преведе Саки Јусуфовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2022 11:50