Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции.

Од нив, 17 се мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Ккао што информираа од МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2022 09:28