Консултантската компанија „Дилојт“ (Deloitte) објави истражување за цените на недвижностите, во кое се опфатени 68 градови од 23 европски земји, и параметрите на купување и изнајмување на недвижен имот во нив.

Најскап имот за купување има во Париз, со просечна цена од 14.462 евра за квадратен метар. Следи Минхен со просек од 10.500 евра, потоа Лондон, Осло и Франкфурт со околу 8.400 евра за квадрат, па Амстердам (7.600) и Копенхаген (7.300). Малку поевтини се Хамбург – со 6.900 евра и Берлин со 6.500 евра за квадратен метар.

Најевтини цени може да се најдат во Бугарија, поточно во Варна и Бургас, каде што просечната цена е околу 900 евра за квадратен метар.

Говорејќи за изнајмувањето станови и живеалишта, повторно најскап е Париз со 29,1 евро за квадрат, па следуваат Осло, Лондон и Амстердам. Се верува дека, општо, цените нагло пораснале поради судирот во Украина, како и недостигот на работна сила и зголемената инфлација. Се верува дека зголемувањето на каматните стапки ќе ја намали побарувачката и ќе го забави растот на цените.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2022 12:28