На топ-листата најзабавни и „најкул“ улици на списанието „Тајм аут“, „Велингтон“ (на француски јазик: „Rue Wellington“) во Монтреал, Канада, го зазема првото место, а најмногу претставници има САД. На списокот има вкупно 33 улици.

– Нашата листа „најкул“ улици во светот е составена според клучните сообраќајници кои тамошното население, како и нашите стручни уредници и соработници, ги препорачуваат за пешачење во мигов, вели Џејмс Менинг, уредник за патувања на списанието.

Оваа година, „Тајм аут“ – брендот за областа туризам и угостителство и – водич за некои од најинтересните градови во светот – го објави својот втор годишен преглед на „најкул“ улици во светот. Повеќе од едно маало или населба, една улица може да ја дефинира и културата и животот на градот.

Меѓу првите 10 улици се и: „Гертруда“ во Мелбурн, Австралија, „Грејт вестерн роуд“ во Глазгов, Шкотска, ул. „Јонгканг“ во Тајпеј, Тајван, Кина, „Вернедамсвеј“ во Копенхаген, Данска, „Карангахејп роуд“ во Оукланд, Нов Зеланд, ул. „Тај Пинг Шан“ во Хонг Конг, Кина, автопатот „Јаоварат“ во Бангкок, „Ораниенштрасе“ во Берлин, Германија и ул. „Хејс“ во Сан Франциско, САД.

На списокот има и неколку нови градови, како што се Тајпеј, Мумбаи и Атина.

Најзабавната улица во Лондон, Велика Британија, за 2022 година е „Депфорд хај“, каде што се наоѓа спој од улични тезги, пазари, продавници, кафулиња итн, за кој уредникот на „Тајм аут“, Крис Вејвел вели дека не само што ја прави „најкул“ улица во градот, туку и „најжива“. Други европски улици подолу на списокот се „Колокотрони“ во Атина, Грција, „Кале Ечегарај“ во Мадрид, Шпанија и „Капел стрит“ во Даблин, Република Ирска.

Меѓу нив се уште три градови во САД – Мајами, Њујорк и Чикаго.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 11:48