Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство.

Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19.

Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни.

Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат.

Момчето голтнало околу 30 пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата.

Здравствените работници веруваат дека момчето целосно ќе закрепне.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 09:28