Британската кралица Елизабета одлучи да понуди куќа за изнајмување, на нејзиниот приватен имот во Сандрингем, на онлајн сервисот за изнајмување имот „Airbnb“.

Куќата претходно била дом на главниот градинар на нејзиното височество, на имот во областа Норфолк, каде членовите на кралското семејство го поминуваат Божиќ, пишува Дејли мејл.

Во огласот се наведува дека објектот има два ката, може да прими осум гости и содржи мебел и уметнички дела во сопственост на кралското семејство.

Цените варираат, но „шармантната“ викендичка може да се изнајми за 354 фунти од ноќ следниот февруари, за минимум три ноќевања, пишува „Дејли мејл“.

Огласот доаѓа само една недела откако кралицата најави дека туристи ќе можат да го посетат нејзиниот имот Балморал во Шкотска по намалена цена поради кризата што ја зафати Британија, пишува британскиот весник.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2022 11:30