Козите се познати во животинскиот свет како „качувачи на се и сешто“, па дури се товар и на други животни.

На интернет неодамна се прошири снимка од коза како стои на пони-коњче и јаде лисја од едно дрво. Понито мирно и трпеливо стои додека неговата пријателка се храни.

„Козите сакаат да се качуваат на што било, а коњите се високи…“, „Мислам дека козата само скокнала на понито. Се сомневам дека ѝ дозволило, но мислам дека и не ѝ се спротивставило“, „Понито нема ништо попаметно да прави, па може да ѝ помогне“ – гласат дел од коментарите на луѓето.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 13:24