Серијата на „Ејч-би-о“ – „Наследници“ (Succession) освои „Еми“ за најдобра драмска серија, а на 74. доделување на најпознатите телевизиски награди. Освен тоа, „Белиот лотос“ (The White Lotus) е прогласена за најдобра мини-серија, а „Тед Ласо“ – за најдобра хумористична серија.
ТВ-серијата „Наследници“ со Брајан Кокс во улога на глава на семејство што се бори за поголем удел и контрола во медиумскиот простор, всушност беше фаворит за главната награда. Во конкуренција за најдобра драма беа, меѓу другите, и сериите „Игри со лигњи“ (The Squid Games), „Повикај го Сол“ и „Еуфорија“.
„Тед Ласо“ со своите главни ѕвезди – Џејсон Судејкис и Брет Голдстин ги доби одличјата и за најдобра главна и споредна машка улога, по вторпат.
Јужнокорејскиот актер Ли Јунг Џеј е ново лице на списокот награди, откако доби „Еми“ за најдобар глумец во драма за улогата во ТВ-серијата „Игра со лигњи“. Притоа, тој стана првиот јужнокорејски актер кој ја доби оваа престижна награда за улога во драма од неанглиско говорно подрачје. И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше светски популарната преживувачка авантура, освои „Еми“ за режија.
Наградата за најдобра глумица во комедија ја доби Жан Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендеја е прогласена за најдобра актерка во серија-драма за улогата во „Еуфорија“.