Кошаркарите на МЗТ Скопје со трофеј се враќаат од дводневното гостување во Белград, откако триумфираа синоќа во финале на „Земун купот“ против Младост Земун.

„Штрковите“ го совладаа домаќинот со 86:80 остварувајќи четврта победа во низа во подготвителниот период.

Тренерот Александар Петровиќ на овој турнир им даде шанса да настапат и на помладите.

Лидер на теренот беше Мајк Кафи, кој средбата ја заврши како најефикасен со 19 поени, а зад него беа Страхиња Миќовиќ со 12 и Дамјан Стојановски и Еван Максвел со по 11 поени.

МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона ќе ја брани шампионската титула во македонското првенство и ќе настапува во регионалната АБА 1 лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 09:35