Варшава е најголемиот а воедно и главен град на Полска. Широко разновидната архитектура ја изразува долгата и турбулентна историја на градот а покрај уживањето во нејзината убавина, од неа можете да научите многу за Европската историја.

Варшава е најголемиот а воедно и главен град на Полска. Широко разновидната архитектура ја изразува долгата и турбулентна историја на градот, а историја на Варшава се гледа преку готските цркви и неокласичните палати преку блокови карактеристични за советското време па се до модерните облакодери. Најавтентичен дел од градот е стариот дел кој е целосно уништен за време на втората светска војна за да денес биде обновен и реставриран и претставува срцето на Варшава. Плоштадот во центарот на градот е најтрактивно место за туристите додека “Сирената“ во средината на централниот плоштад е симболот на градот.

15 места кои треба да ги видите во Варшава

1. Музејот на Фредерик Шопен

Посветен на најпознатиот композитор на Полска, а тука можете да дознаете повеќе за животот и делото на Шопен, погледнете негови оргинални ракописи или да уживате во композициите на Шопен.

2. Музејот на Полската армија

Музејот на полската армија е најголемиот музеј во Варшава а во него ќе видите широк спектар на воени експонати од кои најголемиот број се од времето на втората светска војна.

3. Зоолошка градина

Зоолошката градина во Варшава има повеќе од 500 различни видови а во неа живеат повеќе од 4000 животни. Доколку отидете на ова место, задолжително посетете ги домовите на слоновите и мајмуните бидејќи се едни од најубавите.

4. Кралскиот замок

Кралскиот замок е фасцинантна градба која низ историјата на Полска служела како официјална резиденција на Полската монархија. Лоцирана е на кралскиот плоштад на почетокот на стариот дел од градот на Варшава.

5. Лазиенки парк

Доколку сакате да земете здив при прошетката низ Варшава, направете го тоа во еден од најпознатите паркови – Лизиенки парк кој се простира на површина од дури 76 хектари.

6. Националниот музеј на Варшава

Националниот музеј во Варшава е еден од најголемите музеи во Полска воопшто. Во него можете да видите богата колекција на античка уметноста, полската историја на уметноста а карактеристично е што во овој музеј може да се најдат и слики од приватната колекција на Адолф Хитлер.

7. Палатата на науката и културата

Овој моќен Советски споменик е прогласен за 8-ми најголем и најубав споменик од Советското време, а во него ќе видите голем дел од историјата на Советскиот сојуз.

8. Театар Виелки

Најголем театар во Варшава е театарот Виелки кој воедно е и дом на Полската опера. Доколку сакате да уживате во Полската модерна култура, поминете го времето во овој театар.

9. Музејот на Варшавското востание

Варшавското востание во 1944 година беше еден од најмонументалните моменти за историјата на Полска, а турата низ музејот ќе ви раскаже во детали што се случувало за време на ова востание.

10. Коперникус научен центар

Коперникус научниот центар претставува интерактивен научен музеј каде што посетителите можат да прават експерименти и да ги научат законите на природата преку практични активности.

11. Стариот дел на Варшава

Стариот дел на Варшава е практично целосно реставриран по неговото уништување во 1944 година. Сепак, автентичноста на градот е задржана а важи за еден од најубавите делови на Варшава кој денеска е на листата на светско културно наследство на Унеско.

12. Споменик Зигмунд

Доколку одите во Варшава задолжително е да направите селфи покрај споменикот Зигмунд кој е еден од најстарите споменици во Варшава. Споменикот датира од далечната 1644 година а е направен во чест на кралот Зигмунд кој во во 1596 годината се преселил од Краков во главниот град Варшава.

13. Барбикан – улица на уметноста

Во стариот дел на Варшава постои улица на уметноста каде што во најголемиот дел од годината можат да се видат различни фотографии за историјата на Варшава како и голем број на музичари кои ја пренесуваат музичката култура и историја на Полска. Токму оваа улица е одбрана за улица на уметноста бидејќи во минатото претставувала бедем за полските војници во времето на втората светска војна.

14. Улица Миодова

Улицата Миодова лоцирана исто така во стариот дел на Варшава е спој на античката историја со модерните елитисти. Во оваа улица се сместени голем број на резиденции изградени во антички стил а во нив живеат или ги користат како работни простории елитата која живее во Варшава.

15. Споменик Сирена

Споменикот Сирена лоциран во стариот дел на градот е симболот на Варшава и е застапен на грбот на градот Варшава како и на многу други значајни објекти во Полска.

За повеќе информации ве молиме посетете ја нивната официјална веб страница на следниот линк



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2016 20:17