Најголемиот процент од љубителите и конзументите на брзата храна, речиси и да не можат да го замислат својот омилен хамбургер или помфрит без главниот додаток – ориганото. Иако брзата храна важи за доста не-здрава исхрана сепак ориганото во себе содржи голем број на лековити состојки како и етерично масло. Анализите покажуваат дека ориганото има неколку пати поголемо антиоксидативно дејство од другите намирници односно од јаболките повеќе од 40 пати поголемо антиоксидативно дејство, од компирот 30 пати, од портокалите 12 пати додека од боровинката 4 пати поголемо дејство.

Чајот од оригано пак, регулира голем број на здравствени проблеми предизвикани од пад на имунитетот и нарушување на крвната слика, а посебно се препорачува во случај на бронхитис, настинка, воспаление на грлото и грип. Вкусот му е доста необичен а силната горчина се чуствува подолго време по конзумирањето на чајот од оригано. Се препорачува да се користат веќе утврдени дози на чајот од оригано, односно да не претерате со дозата, најдобро е да си купите од аптека чај од оригано во кесички.

Доколку пак се решите сами да го правите, препорачливо е на 2 литри вода да ставите една до две лажички оригано.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 13:44