Во светски рамки, најгуглани поими за 2016 година се Покемон Гоу, Ајфон 7 и Доналд Трамп, додека Европјаните најмногу се интересирале за спорт и пребарувале спортски поими, наведува во својот извештај најголемиот интернет пребарувач, Гугл.

Британците највеќе од своето време на интернет го поминувале барајќи и читајќи за Европското првенство во фудбал а потоа најбарани поими се Покемон Гоу и Дејвид Боуви. Покрај ова, корисниците на гугл често поставувале и прашања “Како да гласам на референдунот за ЕУ“, “Како да добијам Ирски пасош“, “Што е ЕУ“, “Член 50“, “Единствен пазар“ и други поими поврзани со Брегзит.

На германските корисници на Гугл, исто и како Британците, на прво место се поими поврзани со фудбал, на второ место Покемон Гоу, додека на трето место Ајфон 7. И Германците како и Британците се интересирале за Брегзит а од домашните случување најмногу пребарувале за партијата на крајната десница АФД.

Французите пак во минатата 2016 година највеќе ги интересирала политика, па затоа најпребарувани термини се Доналд Трамп на прво место, потоа Никола Саркози и на трето место Емануел Макрон.

Граѓаните на Полска највеќе време потрошиле на пребарување на европски фудбал како и на популарните игрици Покемон Гоу и Слитер. Во топ 10 најгуглани термини се најдоа и Доналд и Меланија Трамп.

Во Шпанија како и во поголемиот дел на европските земји на прво и второ место се спортски термини, додека на трето место е Покемон Гоу. Шпанците исто така се интересирале и за “Што ќе се случи ако Трамп победи“ и “Што ако Англија ја напушти ЕУ“.

Во Италија, интересно, фудбалот не е на прво место туку врвот на гуглани термини му припадна на Покемон Гоу. Од категоријата “Зошто“, Италијанците највеќе ги интересирало “Зошто мачките се плашат од краставици“ и “Зошто се случи пучот во Турција“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 14:03