Намалувањето на трошоците во бизнис светот, во денешно време, е се почеста појава. Па поради тоа отворениот работен простор со повеќе од 20 луѓе во една канцеларија е најновиот тренд во средните и големите компании. Иако овој начин на функционирање во бизнис светот ги намалува трошоците за изнајмување на простор, набавка на канцелариски мебел и материјал, ја подобрува комуникацијата меѓу вработените, допринесува за размена на идеи сепак има и свои негативни страни е една од нив е и брзото ширење на таканаречен канцелариски вирус.

Како да го препознаете канцеларискиот вирус?

Канцеларискиот вирус најчесто се појавува пред новогодишните празници, во средина на есента и раната пролет. Во бизнис речникот, канцеларискиот вирус се појавува во периодот на кратки рокови, нови проекти, незавршени извештаи и слично. Во моментот кога ќе го забележите Вашиот колега како доаѓа наоружан со марамчиња, топломер, апчиња против настинка, сируп против кашлање како и утрински разговор “ич не ми се идеше денес на работа, не се чуствувам добро“ започнува ерата на канцеларискиот вирус. Иако на прв поглед изгледа дека поради поголемиот број на работни обврски а со тоа и поголем работен стрес, имунитетот опаѓа и со дневна доза на Витамин Ц, работите ќе се средат, сепак после ден – два симптомите и вирусот земаат на сила.

Кои се симптомите на канцеларискиот вирус?

Вирусот се пренесува преку кивање, кашлање како и преку воздухот при поблизок контакт или при конверзација. Колку и да се трудите да бидете на дистанца од настинатиот колега, сепак работниот простор си го прави своето. Првите симптоми на вирусот се главоболка, воденесто течење на носот, отежнато дишење и голтање, солзење на очите, суво грло и омалаксаност. Најчесто се чуствувате слабо, кака да имате температура а всушност е само малку покачена.

Како да се справите со канцеларискиот вирус?

- Замолете го шефот да ви даде слободен ден или додека сте настинати да ја работите работата од дома. Така ќе биде најдобро за целиот колектив.

- Внесувајте поголемо количество на Витамин Ц, на природна база, а најдобро е да пиете комбинација од цеден лимон и цеден портокал. Чаевите се неизбежна намирница за подобро надминување на вирусот а се препорачува и конзумирање на мед. Немојте да заборавите да направите пауза во текот на работата а најдобро е да ја искористите со мала прошетка на свеж воздух.

- Доколку веќе и кај вас е пренесена настинката и почнува кашлица и кивавица, задолжително покријте го лицето со марамче но никако не го правете тоа со раката. Доколку немате мармаче при рака подобро користете ја внатрешноста на лактот од вашата рака одколку тоа да го правите со гола рака. Исто така, доколку само кашлате потребно е задолжително да внесувате топли течности.

- Во ерата на канцеларискиот вирус, препорачливо е почесто да ги миете вашите раце од колку што тоа го правите во текот на еден нормален и обичен работен ден. Се препорачува рацете да се мијат исклучиво со топла вода и сапун минимум пола минута. Гелот за дезинфекција на база на алкохол исто така многу помага во уништувањето на бактериите собрани во Вашите раце.

- Избегнувајте допирање на Вашето лице, поточно на очите, носот и устата зошто преку овие органи бактериите најлесно се пренесуваат.

- Во време кога е застапен канцелрискиот вирус, задолжително морате почесто да го бришете и дезинфицирате работниот простор, односно работното биро, компјутерот, маусот, тастатурата, телефонот, дигитронот и слично. Сите овие канцелариски материјали брзо собираат прашина па преку Вашиот допир со овие предмети бактериите се пренесуваат на вашите раце. Исто така, препорачливо е проветрување на воздухот по минимум пет минути на секој саат во работното време.

Доколку ги следите сите овие препораки, ќе бидете заштитени од канцеларискиот вирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 14:47