Картографот на Редит направи мапа заснована на сугестии кои се појавуваат кога на Гугл ќе напишете “What to see in (името на државата)? Бојата на мапата ги покажуваат категориите во која спаѓаат знаменитостите, односно дали се религиски објекти, природни знаменитости, тврдини, палати, музеи и слично.

Во Република Македонија, прва знаменитост која Гугл Ви ја предлага да ја посетите е црквата Свети Јован Канео во Охрид, додека во топ 10 знаменитости според Гугл се Милениумскиот крст на Водно, Камениот мост, Самоиловата тврдина, Кокино, Мавровското езеро, Кораб, Плаошник, Античкиот театар во Охрид и Маркови Кули.

Од земјите пак од поранешна Југославија, според Гугл, во Србија најголема атракција е белградската тврдина позната како калемегдан, во Хрватска се плитвичките езера, во Босна и Херцеговина стариот мост додека во Црна Гора е Скадарското езеро.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2017 01:22