Оваа година под мотото “Заборавени песни“ во четврток на 12 јануари ќе се одржи концерт на кој главен изведувач ќе биде македонската пејачка Андријана Јаневска а ќе биде придружувана од оркестарот на Македонската опера и балет.
Покрај неколку популарни композиции кои ќе бидат изведени на концертот, љубителите и гостите ќе уживаат во традиционални македонски песни во аранжман на композиторот Илија Пејовски. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент: Бисера Чадловска.
Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ, како и онлајн на: www.mob.mk. Новина поврзана со билетите е можноста да се купат и во „Југотон“ ГТЦ 1-кат, преку системот karti.com.mk, се со цел, билетите за МОБ да бидат подостапни до љубителите на уметноста.