Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го посети пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода, каде е лоциран и пункт на зимската служба на Град Скопје.

Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи и беа фрлени 165 тони сол на градските булевари и улици.

- Градот Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. Екипите се на терен од почетокот на снежните врнежи и со 24 возила се работи на расчистување на булеварите и улиците коишто се во надлежност на Градот. Сметам дека успешно се справивме со првиот бран на врнежите на снегот и сите булевири и улици коишто се во наша надлежност се расчистени и проодни. Покрај коловозот, активно се работи на расчистување на тротоарите и јавните површини, каде на терен работат 116 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“ и 70 работници од ЈП „Паркови и зеленила“. Дополнително, на терен работат и 70 работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците – кажа градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2017 17:46