Огромниот раст на цените на струјата и бензинот им предизвикува проблеми на австриските ресторани. Поради тоа, еден сопственик на ресторан во провинцијата Штаjермарк воведе „мени за доставувачи на енергија“ во знак на протест.

Операторите со струја и гас во ресторанот „Хоамат“ во Гросрајфлинг, сопственост на Улрих Матлшвајгер, ќе треба да платат 149 евра за виенска шницла, 54 евра за мешаната салата, 43 евра за супа и 42 евра за палачинка, според тоа посебно „мени“. Матлшвајгер посочува дека овие цени, секако, не ги засегаат редовните гости, туку се наменети само за доставувачите.

Тој вели дека на ваков протест се одлучил откако за само неколку месеци цените на енергијата за неговиот ресторан „ескалирале“ од 300 на 5.200 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2022 10:57