Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, на денешниот брифинг со новинарите рече дека не би шпекулирал со датуми за тоа кога земјава ќе стане дел од Унијата и тоа според него ќе зависи од степенот на реформите, подготвеноста на капацитетите, но вели дека 2030 година може да биде реалност Македонија да стане дел од Унијата, доколку постои политичка волја во земјава.

Во однос на уставните измени, рече дека опозицијата во одреден момент ќе треба да преземе одговорност, доколку сака да ја види земјава како го продолжува својот пат.

Тој рече дека промената на Уставот е суверена одлука на оваа држава и оти Македонија презеде обврска кон Бугарија да ги вметна Бугарите заедно со другите заедници во Уставот.

Васало оценува дека државава веќе има добро досие за преземање грижа за останатите заедници и според него правниот ефект на промена на Уставот ќе биде ограничен, бидејќи, како што кажа, земјава веќе работи добра работа на ова поле.

Тој рече дека Делегацијата на ЕУ и тој самиот се во постојан контакт со опозицијата.

Васало истакна дека главната опозициска партија ја продолжува поддршката за правецот на оваа земја и во одреден момент на нив останува да преземат одговорност за нивните позиции и акции, ако сакаат да ја видат земјава како продолжува на својот пат.

Васало денеска на брифинг со новинарите го презентираше скрининг процесот за усогласеноста на земјава со законодавството на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:15