Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе ја почнат кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО).

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 09:27