Во просториите на Дирекцијата на ЖРМ Инфраструктура денеска брифинг ќе одржи директорот Хари Локвенец, на кој ќе го најави почнувањето на градежните работи на двете делници на Коридор 8.

Едната делница е Куманово-Бељаковце, а изведувач на работите е компанијата Штрабак, и втората делница Бељаковце – Крива Паланка, каде изведувач на работите е компанијата Ѓуљермак.

Ќе се прави и реконструкција на делницата Неготино – Ногаевци од Коридор 10, а изведувач на работите е исто така компанијата Штрабак.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 09:15