Официјално е објавено дека новата видеоигра „Need for Speed Unbound“ доаѓа на 2 декември. Во градот наречен Лејкшор, играчите ќе учествуваат во улични трки, ќе бегаат од полицијата и ќе ги полнат гаражите со возила што ќе можат да ги организираат како што тие сакаат…
Новото продолжение на култната видеоигра нуди бесплатно возење, но ќе има и опции за еден и повеќе играчи. Објавен е и трејлер во којшто се гледа дека ќе има трки и дење и ноќе, а и патеки со песок.
Играта е наменета за компјутер, „Плејстејшн 5“ и „Иксбокс Х/С“.