Пријанка Чопра, индиска глумица и амбасадорка на добрата волја на ОН, која живее во САД, се соочува со критики за нејзината осуда на смртта на Махса Амини во Иран, додека, според критичарите, молчи за женските прашања во Индија.

„Гласовите што зборуваат, по години на принуден молк, со право ќе експлодираат како вулкан! И, тие нема и не можат да бидат замолчени“, напиша таа на Инстаграм, каде што има повеќе од 82 милиони следбеници.

По смртта на 22-годишната Амини, која беше приведена поради „непримерен хиџаб“, илјадници Иранки излегоа на улица, солидарно го симнаа хиџабот и ја потстрижаа косата. Во речиси еден месец од протестите, загинаа десетици демонстранти и припадници на безбедносните сили.

„Ја почитувам вашата храброст и вашата цел. Не е лесно да си го ризикуваш животот – буквално, да го оспориш патријархалниот систем и да се бориш за своите права. Но, вие сте храбри жени кои го прават тоа секој ден и покрај тоа што тоа може да ве чини“, напиша Чопра.

Според многумина, нејзината поддршка за протестите во Иран има за цел да ја прикаже како либерална, пред сѐ – во Холивуд, каде што редовно се коментираат ваквите прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2022 13:10