Науката ја избра новата најубава славна жена на светот, а Бела Хадид која ја доби оваа титула во 2019 година, е заменета од британската глумица Џоди Комер.
Зендеја
Списокот најубави славни жени според научната формула ја составува естетскиот хирург за лице д-р Џулијан де Силва, кој го раководи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија, користејќи компјутер.
Бела Хадид
– Џоди Комер беше јасна победничка, оти сите црти на лицето ѝ се измерено „физичко совршенство“, нагласи тој.
Британката, инаку, се соочи со „сериозна“ конкуренција, со убавици како Зендеја, Бела Хадид и Бијонсе, редоследно.
Бијонсе
Користејќи ја древнохеленската формула „златен пресек“, земајќи го предвид соодносот 1:1,618, Џоди Комер е прогласена за најубава жена меѓу светски славните. Според сѐ тоа – очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на Комер се најблиску до „совршените пропорции“, со 94,52 отсто совпаѓање.