Детската стрип-книга „Авантурите на СМАрагдната Ада“, посветена на децата со спинална мускулна атрофија, ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Целта на книгата е да едуцира и да ја подигне свеста да се премостат разликите и да се прифати целосната инклузија на децата со спинална мускулна атрофија (СМА) во општеството.

На промоцијата на „Авантурите на СМАрагдната Ада“ ќе говорат Александра Ивановска – раководител на Рош Македонија, Снежана Тодоровска – претставник на Здружението СТОП-СМА, Аспазија Софијанова – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и Иван Барбов – директор на Клиниката за неврологија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2022 09:42