Поранешната двојка, глумците Оливија Вајлд и Џејсон Судејкис се огласија откако некогашната дадилка на нивните деца во повеќе наврати изнесе драматични и „сочни“ тврдења во медиумите за нивниот брак, вклучително и дека Судејкис, наводно, легнал пред автомобилот на Вајлд за да го спречи нејзиното заминување.

„Како родители, неверојатно е вознемирувачки да дознаеме дека поранешната дадилка на нашите две мали деца би избрала јавно да сподели такви неточни и навредливи информации за нас… Нејзиниот 18-месечен поход на тормозење против нас, нашите најблиски, блиски пријатели и колеги, го достигна својот несреќен врв. Ќе продолжиме да ги воспитуваме и штитиме нашите деца, со искрена надеж дека таа ќе го остави нашето семејство во мир“, објавија Вајлд и Судејкис на интернет.

Дадилката на поранешната двојка, која се грижела за нивните деца Дејзи и Отис, рече дека Џејсон, наводно, многу се вознемирил кога ја видел Оливија како се подготвува да ја напушти куќата со „специјална“ салата за да го види новото момче – музичарот Хери Стајлс.

Вајлд и Судејкис се разделија во 2020 година, по девет години во врска. Имаат две вонбрачни деца – син и ќерка. Вајлд излезе потоа во јавноста со нејзината нова врска со Стајлс, но порекна дека поранешниот член на „Уан дајрекшн“ е причината за разделбата со комичарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2022 09:20