Засега последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крејг ќе ја добие истата кралска чест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг.

Имено, тој во замокот Виндзор беше награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за заслуги во филмот и театарот. Честа нему денеска ќе му ја укаже принцезата Ен.

Даниел Крејг, како шести глумец во серијалот филмови, го толкуваше тајниот агент во последните пет „Бонд“ филма – „Казино Ројал“ (2006 година), „Tрошка надеж“ (2008), „Операција Скајфол“ (2012), „Спектра“ (2015) и последниот „Не е време за умирање“ од 2021 година. Во улога на „007“, тој се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

Крејг глумеше и во „Нож в грб“ („Knives Out“, 2019) заедно со Крис Еванс, Ана де Армас и Џејми Ли Кертис, а ќе се врати и во продолжението чиешто прикажување е закажано за крајот на следниот месец ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2022 10:23