Туристка се фотографираше гола пред катедрала во Амалфи, Италија и предизвика бурни реакции меѓу локалните жители.

Настанот е снимен и објавен на Facebook, а на снимањето присуствувале три лица кои ќе одговараат за „непристојно дело“, пишува CNN.

Од снимката се гледа непознато женско лице, замотано само со црвена лента, како позира пред влезот на катедрала изградена во 1067 година.

Писателката и историчарка Лаура Тајер, која пишува на блогот Ciao Amalfi, тврди дека сцената ги навредила локалните жители.

„Шокантно е што тоа се случи пред црква. Дуомо е место за богослужба и место кое жителите многу го почитуваат. Таа катедрала и влезот во неа имаат посебно место во спомените на локалните жители. Оваа врата се отвора за процесии, венчавки, за погреби, за моменти кои се дел од животот“, вели таа.

Катедралата е посветена на светиот Апостол Андреј, а неговите реликвии наводно се чуваат овде од 1206 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2022 05:03