Милијардерот Илон Маск испрати сигнали дека планира да го заврши договорот за преземање на компанијата Твитер. Раководителот на Тесла и СпејсЕкс објави видео снимка како влегува во седиштето на Твитер во Сан Франциско носејќи порцеланско лавабо со порака „нека потоне“ (Let that sink in!).

Коментарот е поврзан со интернет мемето „нека потоне тенкот“.

Во биографијата на својот налог тој наведе дека е „Главен твит“ (Chief Twit) и кажа дека ќе се обрати на вработените на Твитер утре, кога истекува крајниот рок да го приврши преземањето на Твитер. Во спротивно би се соочил со судскиот процес кој треба да продолжи во Делавер.

Портпарол на Твитер за Ју-ес-еј тодеј потврди дека Маск неделава бил во седиштето на компанијата.

Претходно, една од неговите низа контраверзни изјави за компанијата беше дека ќе скрати две третини од над 7.000 вработени на Твитер.

Милијардерот во април се договори да ја купи социјалната мрежа за 44 милијарди долари, а потоа објави дека се повлекува од зделката, жалејќи се дека Твитер му дал погрешен број лажни налози на платформата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 13:00