Мис Аргентина и Мис Порторико стапија в брак. Аргентината Маријана Варела ја откри веста на Инстаграм со низа фотографии, а нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“, што се случил на 28 октомври. Истата објава ја сподели и Фабиола Валентин на својот Инстаграм-профил.

Девојките се запознале на меѓународниот избор за убавина „Мис гранд интернејшнал 2020“ (Miss Grand International 2020), но нивната врска ја чувале во тајност.

Инаку, Маријана ја претставуваше Аргентина на изборот за „Мис Универзум 2019 година“ и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот „Мис гранд интернејшнал 2020“. Како модел работела со бројни агенции и за различни кампањи. Фабиола беше „Мис Порторико“ за 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 11:20