Виена е позната по многу нешта, но се чини, само сладокусците знаат за кафето „Фенстерчино“, со уникатен вкус и со повеќе чоколадо, коешто се служи на невообичаен, но симпатичен начин – во корнет. Оваа услуга се нуди во кафулето „Фенстер кафѐ“ (Fenster cafe), кое, според реакциите на интернет, веднаш ги освои туристите.

И посетителите на „Трипедвајзор“ (TripAdvisor), велат дека, на пр., кафето во корнет вреди „за секој потрошен денар“. А, тоа, инаку, чини 10 евра, што го прави најскапото кафе во австриската престолнина.

Покрај ова уникатно кафе во корнет, во кафулето може да се најдат и можности за сечиј џеб, како на пр. – „еспресото“ од 95 евроценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2022 09:45