Небесната патека „Скајвок“ на планината Биоково во Хрватска, официјално е затворена. Туристичката атракција повторно ќе биде отворена за посетители на 31 март, следната 2023 година.

„Паркот на природата ‘Биоково’ од денеска е официјално затворен за посетители, а на видиковецот ‘Скајвок Биоково’ поставена е заштитна мрежа и ограда“, објави официјално Паркот.

Причината за затворањето е безбедноста на самото место и посетителите во зима.

Инаку, „Скајвок“ е дел од проектот „Нов Адрион – промоција на одржливо користење на ПП Биоково“, којшто содржи 12 различни елементи и вреди 34 милиони куни (околу 4,5 милиони евра). Од нив, 27 милиони куни (3,6 милиони евра) се доделени од Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2022 09:53