Домашните миленици носат среќа и радост во домот и животот на сопствениците, но неретко предизвикуваат и значителна штета… Сопственичка на лабрадор ретриверот, го почувствува тоа на своја кожа.
Имено, Американката Ким Крк го оставила своето куче само два часа само во станот. А, кога се вратила, кучето веќе успеало да ги грабне парите што биле на масата. Тоа изело и искинало повеќе од 2.000 долари, книжни, па сопственичката расплакана сними дел од последиците од сѐ тоа.
„Тик-ток“ видеото собра преку 22 милиони прегледи. Ким вели дека со сопругот прават сѐ што можат, обидувајќи се да ги заменат парите во банка.