Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата.

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.

Како што пренесоа пак дел од медиумите во нивните информативни изданија, откако МВР извршиле увид по пријавата на Арсовска утвдиле дека истата е лажна. Засега од МВР нема испратено детали до медиумите за овој настан, а согласно законските прописи лажно пријавување е кривично дело но може да подлежи и на Законот за граѓанска одговорност за клевета.

Покрај ова, денеска во Градот Скопје дојде и екипа на Брза помош бидејќи и се слошило на една службеничка во Градот а нејзиниот син видно револтиран упатуваше погрдни зборови кон Градот Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2022 18:23