Познатата иранска актерка Таране Алидости на Инстаграм објави своја фотографија без марама на главата, заради солидарност со антивладините демонстрации.

Протестите за смртта на Махса Амини, инаку, влегуваат во седмата недела. Глумицата, можеби најпозната по улогата во оскаровецот „Трговски патник“ од 2016 година, на сликата држи натпис: „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите.

Според тамошните активисти за човекови права, во протестите се убиени најмалку 328 лица, а приведени се околу 14.800 луѓе.

Алидости е една од најуспешните ирански глумиц и и има повеќе од осум милиони следачи на Инстаграм. Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекинува кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2022 10:02