Додека растечките цени на храната, струјата и бензинот ѝ се закануваат на Шпанија, мал ресторан на југот на земјата им служи бесплатно храна на невработени и лица со мали приходи.

„Бар Публика“ се наоѓа во градот Мохакар, каде живеат 6.300 жители. Шеф Карлос Родригез, Аргентинец кој дошол во Шпанија пред 20 години, последниве шест години раководи со гостилницата заедно со неговата партнерка Моника Ескобар.

– Најдобар начин да се влијае на луѓето да покажат солидарност е со пример. Не веруваме во заработка. Ние веруваме во солидарноста, која е суштински различна, вели готвачот.

Андалузија, најнаселената шпанска провинција во која се наоѓа Мојакар, е општо земено, посиромашен дел на Шпанија.

Ресторанот, кој е специјализиран за јадења со месо, особено телешко, им го нуди она што може на луѓето без пари.

– Не можам да им дадам скап стек, посакував да можам. Но, можам да понудам друг вид на храна. Така барем ќе можат да јадат топол оброк. И не бараме никаков доказ за невработеност или немање приходи од лица кои бараат бесплатен оброк. Не е потребно тоа. Тие бараат оброк од срам… Доволно ми е да погледнам човек во очи и да знам дали му треба ваква помош, истакна Родригез.

Вели, на некои луѓе им е толку непријатно, што наместо понудената чаша пиво избираат обична вода.

– Секој мора да има право на чаша пиво или вино!, нагласува тој.

Родригез извесно време бил претставник на партијата Обединета левица, но се пензионирал поради возраста. Тој тврди дека ова не го прави за да ја промовира својата кафеана и дека не е никаков маркетинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2022 10:09